Шпанија
Ханси Флик за недисциплинираниот Кунде: Морам да разговарам со него

Ханси Флик цврсто стои зад своите методи и ригидни правила кои ги има имплементирано кога е дисциплината во прашање, а истите ги применува идентично и транспарентно без оглед на играчот кој го има пред себе.
Барселона вчера се изнамачи за да го победи Рајо Валјекано на домашен терен, натпревар пред кој доста се зборуваше за отсуството на Жил Кунде кој одново беше изоставен од стартната постава поради дисциплински мерки.
Францускиот репрезентативец е незаменлив за Флик во почетните 11, но оваа сезона не настапи од стартот само против Алавес и Еспањол, натпревари на кои исто така беше казнет поради доцнење.
Кунде вчера задоцнил на еден од последните собири на првиот тим пред мечот со Рајо Валјекано, па Флик по натпреварот мораше да дава свој коментар за одлуката која ја донел.
– Ситуацијата со Кунде се случува во фудбалот. Сепак, јас сум ригиден на оваа тема, за мене се знае што треба да се мисли и што треба да се прави пред еден натпревар.
– Имаме два или три собири пред натпреварот и важно е сите играчи да бидат на тие собири. Не е толку тешко да се појавите и да бидете точен, станува збор за почит кон останатите. Морам да зборувам со него на оваа тема, повторно задоцни и морав да ја применам нормата која важи за сите, – изјави Флик.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично