Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик за казните кои им ги дели на своите фудбалери: Менталитетот во Шпанија е поинаков…..

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик брзо ја примени својата германска ригидност во Барселона, па експресно стави до знаење дека нема да толерира фудбалери кои не се точни на тренинзите и на тимските состаноци.

Германскиот стручњак на најдобар можен начин ги казнува фудбалерите кои доцнат на закажаниот термин, а последен во таа листа се придодаде Ињаки Пења во полуфиналето на Суперкупот.

Иако беше најавен како стартер, голманот на Барса остана на клупата за резерви поради задоцнето пристигнување на тимскиот состанок, па денеска Ханси Флик ја објаснуваше оваа тема во најавата за големото финале против Реал Мадрид.

– Шчесни имаше добар натпревар против Атлетик Билбао, додека Ињаки Пења имаше одличен прв дел од сезоната. Никогаш не зборувам за стартниот тим еден ден пред натпреварот, утре ќе видиме кој ќе биде на голот.

– Во Шпанија очигледно има поинаков менталитет, има доста повеќе гласини кои доаѓаат отстрана, но фудбалерите мора да останат професионалци. Барам од играчите да пристигнуваат навреме, а бидејќи третпат се случи да задоцни еден фудбалер, немав друг избор освен да го оставам на клупата, – објаснува Флик за изоставувањето на Пења.

– Што се однесува до утрешното финале, станува збор за „Ел Класико“ и станува уште поважно бидејќи се бориме за трофеј. Ако успееме да победиме, ќе имаме поголема самодоверба до крајот на сезоната, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни