Лига на шампиони
Ханси Флик за фудбалското лудило во Лисабон: Немам видено нешто слично во кариерата (Видео)

Бенфика и Барселона го одиграа највозбудливиот и најлуд натпревар во Лигата на шампиони во последните неколку години, а доказ за тоа се деветте постигнати погодоци на „Луж“ стадионот во Лисабон.
Домашниот тим во два наврати имаше предност од два голови и изгледаше дека е на добар пат да и нанесе непријатен пораз на Барса, но иако Португаците водеа со 4:2 до 77-та минута, на крајот претрпеа пораз.
Гостите се изборија за чудесен пресврт и со гол во 96-та минута се изборија за пресврт и неверојатни 4:5, резултат кој изнуди задоволство и насмевка на лицето на Ханси Флик, без оглед на тоа што неговиот тим имаше кошмарна партија во одбрана.
– Ова беше целосно луд и откачен натпревар. Најпозитивна работа е менталитетот кој го покажавме. Успеавме да направиме пресврт и да победиме, ова е фудбал, го сакаме фудбалот поради вакви натпревари. Мислам дека Бенфика одигра извонредно, ние не се браневме добро, па на крајот се обидовме да направиме нешто поинакво и ни успеа во тоа.
– Менталитетот кој го покажавме беше неверојатен, момците секогаш веруваа во победа и задоволен сум од тоа. Резултатот е фантастичен после се она што се случи на теренот. Мислам дека немам видено нешто слично, немав видено сличен пресврт во мојата кариера. Бенфика беше многу добра во транзиција и ни направи голема штета во тој дел, често бевме лошо позиционирани во одбрана. Во второто полувреме се коригиравме, мора да се признае дека измените придонесоа многу за завршниот резултат, – изјави Ханси Флик.
Барселона со оваа победа и математички го обезбеди пласманот во осминафиналето во Лигата на шампиони, што значи дека нема да треба да игра прелиминарна рунда за да се најде меѓу 16-те најдобри во Европа.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 21, 2025
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!