Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик: Воопшто не ме радува ситуација со Олмо и Виктор, останува само да чекаме

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона работи во полна пареа да го реши горчливиот проблем наречен „Дани Олмо“, но во дадениот случај сепак не е доведена во прашање само иднината на најголемото летно засилување.

Поради недостиг на финансиски средства во буџетот, Барселона од 1-ви јануари не може да смета на Дани Олмо и Пау Виктор, фудбалери кои беа избришани од Ла Лига од првиот тим на Барселона и означени како нерегистрирани.

За оваа проблематика се пишуваше во Шпанија неколку недели нананзад и се веруваше дека Жоан Лапорта ќе го реши проблемот до крајот на 2024-та година, но откако не го направи тоа, дозволи двајцата да станат слободни агенти.

Најновите информации целат дека претседателот на клубот прави се што е во негова моќ да ги пререгистрира двајцата фудбалери до крајот на денешниот ден, а цела оваа ситуација предизвикува одредени непријатности кај Ханси Флик.

– Олмо и Виктор? Не сакам да зборувам многу на таа тема, јас не ја извршувам таа работа. Моја работа е да го подготвам тимот и да бидеме максимално фокусирани за следниот меч. Како и да е, имам постојан контакт со претседателот Лапорта, зборував со него денеска и имам верба во него и во клубот. Секој си ја врши својата работа, а моја работа е да го подготвувам мечот со Барбастро во Купот.

– Ако бидеме најискрени, оваа ситуација воопшто не ме радува, а истото важи и за играчите. Работите се такви какви што се и мора да ги прифатиме. Мора да ги тренирам во вакви услови, но веруваме во работата на клубот. Јас сум оптимист и не останува ништо друго, освен да го чекаме исходот. Двајцата играчи се позитивни и продолжија да тренираа, тие сакаат да играат за Барселона, – порачува Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни