Шпанија
Ханси Флик внимава и на најситните работи: Де Јонг остана без дресот, Германецот му ја позајми јакната (Видео)
Ханси Флик внимава на навистина секој детаљ како тренер на Барселона, па откако неговиот тим успешно ја мина првата пречка во Купот наречена Барбастро, германскиот стручњак се најде во центарот на вниманието и поради еден свој симпатичен потег.
За разлика од негои други региони во Шпанија, вчера температурата во Барбастро беше значително пониска и дел од играчите играа со зимска опрема, а сето тоа го натера Ханси Флик да режира еден родителски потег со својот фудбалер.
Тренерот на Барселона увиде дека Френки чувствува студ откако го подарил својот дрес на некој од играчите на Барбастро, па реши да му ја позајми неговата јакна.
Оваа симпатична сцена брзо стана доста актуелна на социјалните мрежи, а истата само покажува дека Ханси навистина посебно внимава и на најситните работи во фудбалот.
Де Јонг вчера беше во стартната постава и го одигра цел меч против Барбастро, што за него се први 90 минути од стартот на сезоната.
El detalle de Flick con De Jong ❤️pic.twitter.com/ZfDBC8sPLu
— S P I D E R C U L E (@spidercule) January 4, 2025
-
АТП12 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија21 час
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија19 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија22 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП21 час
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП17 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)