Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик вчудоневиден: Никогаш не сум доживеал вакво нешто, ова е ново за мене!

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона петта година по ред не победи на „Колисеум Алфонсо Перез“ стадионот во Мадрид и одигра само 1:1 против Хетафе, тим кој во самата завршницата од натпреварот доведе до лудило неколку играчи на гостинскиот состав.

Ѕвездите на Барса не ја криеја нервозата од загубените два бода во битката за титулата, а на крајот натпреварот изобилуваше со огромна тензија, караници, но и непотребни потези на теренот.

Атмосферата во шпанската престолнина беше нависитна жешка и таквите услови подобро му одговараа на Хетафе, тим кој на крајот успеа да ја оствари зацртаната цел, односно да освои бод против големиот фаворит.

Ханси Флик како тренер на Барселона по ремито порача дека никогаш во кариерата не бил дел од почуден натпревар, не криејќи го фактот дека не наишол на атмсофера каква што ја создаваат и прават играчите и навивачите на Хетафе.

– Сакавме да победиме, имавме многу шанси за такво нешто, но не успеавме и затоа сме разочарани. Лесно може да се заклучи на што игра Хетафе на својот стадион, се бранат многу цврсто со сите сили, но дури и во такви услови, создадовме доволно шанси за да победиме. За жал, не бевме доволно прецизни во реализирање на шансите.

– Имаше многу голема страст и многу емоции на теренот и трибините, публиката беше вклучена во секоја акција и во секој контакт на теренот. Никогаш не сум доживеал нешто вакво, ова е нешто ново за мене. Не сум задоволен, но мора да го прифатам ова и да се помириме дека не победивме. Се обидовме на секаков начин да постигнеме втор гол, но не успеавме во тоа, – изјави Ханси Флик, кој ги осуди и фановите на Хетафе кој испратиле расистички навреди кон левиот бек Балде.

– Да бидам искрен, не знам што е најпаметно да се направи во таква ситуација. Нема место за расизмот во фудбалот, ниту во животот. Тоа е надвор од правилно резонирање, сите такви луѓе не треба да излезат од дома. Мора да се бориме против расизмот, треба да направиме нешто како фудбалска заедница, – заврши тренерот на Барса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни