Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ханси Флик со искрен коментар: Не може да го споредувате Левандовски со Меси

Објавено

на

Вечерва на програмата во Лигата на шампионите е и најинтересниот натпревар од четвртфиналните парови меѓу Барселона и Баерн Минхен.

Многумина пред натпреварот прават споредби на најдобрите играчи на двата клуба, Лионел Меси и Роберт Левандовски.

На ваквите споредби свој коментар даде и тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик кој посочи дека нема логика да се споредуваат двајцата играчи затоа што Меси е најдобриот играч во светот на фудбалот.

– Не може да го споредите Левандовски со Меси. Роберт е неверојатен напаѓач, одличен е во казнениот простор и секогаш е закана за противничкиот гол.

Сепак, според мене Меси е убедливо најдобар фудбалер на светот. Но, ова не е Баерн против Меси, туку Баерн против Барселона. Не подготвувавме посебна тактика за него, -изјави тренерот кој комплетно го трансформира тимот на Баерн Минхен оваа сезона.

Левандовски зад себе ја остава својата најдобра сезона во кариерата во која досега има постигнато 53 голови, за разлика од Меси кој застана на 31 погодок, но запиша и 26 асистенции во сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни