Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик си го испланира цел ден и откри дали ќе го гледа големото дерби на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона ја продолжи импресивната серија на резултати со нова убедлива победа над Валенсија со резултат 0:5, но по пласманот во полуфиналето во Купот, сега следи нов тежок предизвик во Ла Лига.

Барса утре гостување на жешкиот „Рамос Санчес Писхуан“ и ќе оди на победа против Севилја, но пред да излезе на теренот, ќе го знае исходот од вечерашното дерби на големите ривали за титулата.

Реал Мадрид ќе го пречека Атлетико во меч кој се игра на „Бернабеу“, а Ханси Флик во најавата порача дека како голем фудбалски фан, ќе најде време за да го вклучи телевизорот.

– Сега сме во раната фаза на денот и прво следи тренингот на првиот тим. Потоа ќе го гледам натпреварот на Барса Б, потоа ќе вечерам, а за крај ќе го гледам мадридското дерби.

– Ние се фокусираме само на тоа што го играме ние на теренот, но сепак, дербито меѓу Реал и Атлетико е еден од најинтересните натпревари во Европа и сакам да го гледам тој меч, – призна Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни