Шпанија
Ханси Флик: Сами се доведовме во ваква ситуација

Барселона создаде навидум комотна предност на табелата после „Ел Класико“ дербито со Реал Мадрид и се чинеше дека е во пол-позицијата за титулата, но ситуацијата драстично се промени до крајот на 2024-та година, а причина за тоа беше шокантните киксови на каталонскиот гигант со тимови како Лас Палмас, Алавес и Осасуна.
Од „плус шест“ по големото дерб, Барселона сега има „минус седум“ на првенствената табела во битката за титулата, па сега тимот на Ханси Флик е приморан да оди на победа на секој меч, без никакво право на грешка.
Германецот го нагласи тоа пред утрешниот натпревар со Алавес, а бидејќи станува збор за тим од долниот дел од табелата како оние со кои се загубија драгоцени победи, тренерот на Барса посебно ги предупреди своите играчи.
Барса игра во непопуларниот термин од 14:00 часот, но Ханси потенцира дека неговиоте играчи утре мора да докажат дека знаат да играат и во таков термин со неатрактивен противник.
– Сами се доведовме во ваква ситуација и самите сме си виновни што го бркаме Реал. Загубивме многу непотребни бодови, па сега не ни преостанува ништо друго, освен да победуваме во низа. Мора да победуваме од коло во коло за да го зголемиме притисокот врз Реал Мадрид. Не е лесно да се надополнат седум бода, но мора да продолжиме да се бориме, – изјави Флик.
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа