Шпанија
Ханси Флик: Разочаран сум од резултатот, морам да зборувам со играчите

Барселона и вторпат оваа сезона го надигра Атлетико Мадрид во секој фудбалски сегмент, но тимот на Ханси Флик одново не успеа да слави над четата на Диего Симеоне, која ако на крајот на 2024-та година славеше со гол во судиското продолжение, сега на сличен начин се избори за реми.
Атлетико губеше со 4:2 до самата завршница и се чинеше дека ќе брка голема негатива на реваншот во полуфиналето на Копа дел Реј, но амбициозните „воини“ на Чоло постигнаа два гола и се изборија за спектакуларни 4:4.
Конечниот резултат секако повеќе ги израдува гостите од Мадрид, а своето разочарување од крајниот епилог не го криеше и Ханси Флик.
– Ги предупредив играчите дека мора да бидат внимателни и концентрирани и дека не треба да дозволуваат многу шанси за противникот. Разочаран сум од конечниот резултат. Со оглед на играта која ја понудивме после двата примени гола, разочарувачки е мечот да заврши на овој начин. Креиравме безброј шанси за гол, но во завршните минути му дозволивме премногу на противникот.
– Имавме голем број шанси за да победиме, но сега ќе морам да зборувам со играчите. Мора да зборуваме за примените голови, мора да ги поправиме тие грешки. Овој тим е многу млад и има многу простор за напредок, но не смееме да примаме толку голови. Доминиравме 80 минути против добар и многу силен ривал, морам да бидам задоволен од играта, но не и од резултатот. Ќе одиме со сите сили во Мадрид, веруваме дека можеме да победиме таму, – изјави Флик.
-
Свет11 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
НБА22 часа
Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените
-
Репрезентација6 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
АТП23 часа
Медведев повторно се „исклучи“ и доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами
-
Евролига20 часа
Партизан понижен во Белград, Барселона влезе во посакуван ритам (ВИДЕО)
-
Формула 111 часа
Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина
-
АТП21 час
Ѓоковиќ им се врати на победите и се израмни со Надал на вечната Мастерс листа (ВИДЕО)
-
НБА4 часа
Каков дриблинг: Тејтум со магичен фудбалски потег си овозможи лесни поени (ВИДЕО)