Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик разочаран: Мора да зборуваме после ваков натпревар

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона не одигра на посакувано ниво на „Балаидос“, но дури и во таква ситуација, каталонскиот гигант во последните 10 минути од мечот влезе со два гола позитива.

Во тие моменти се чинеше дека Барса ќе оствари рутинска победа без да го покаже своето најдобро лице, но по црвениот картон кој го доби Касадо за втора опомена со жолт, натпреварот доби вртоглав тек.

Селта во период од две минути израмни на 2:2 и доби награда за храбрата игра во поголем дел од мечот, факт за кој зборуваше и Ханси Флик во својата анализа за ремито.

Германскиот стручњак не криеше дека неговиот тим одиграл навистина лош меч, па ги поправи новинарите кои заклучија дека Барселона целосно се исклучила во завршните десет минути.

– Не беа само 10 лоши минути. Искрено, одработивме навистина многу лош натпревар. Што се однесува до исклучувањето, не направив измена на Касадо зошто немам таква практика. Не ги повлекувам играчите поради картони, ги повлекувам поради перформанси на теренот.

– Треба да бидеме искрени, не изгледавме онака како што требаше да изгледаме. Немавме добра контрола на топка, имавме многу грешки и пред да примиме голови. Ова во целост не беше добар натпревар и мора да разговараме после ваков меч. Мора да разговараме и брзо да ги промениме нештата. Тоа е што е, вакви работи се случуваат во фудбалот. Освоивме еден од последните шест бодови во Ла Лига, не сме задоволни, но мора да продолжиме напред. Сите знаеме дека можеме повеќе од ова, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни