Шпанија
Ханси Флик: Преовладуваат две чудни чувства после ваков болен пораз
Ханси Флик ја доработуваше својата суспензија и не беше крај аут линијата на дербито против Барселона, натпревар кој доби шокантна разрешница во последниот напад кој го имаа гостите од шпанската престолнина.
Иако Барселона доминираше речиси цел натпревар и создаде огромен број шанси за гол, фудбалот уште еднаш ни покажа дека може да биде најнепредвидливата игра во светот, нешто во што брутално се уверија навивачите, но и играчите на каталонскиот великан.
Барселона не користеше стопроцентни шанси при водство од 1:0, истото се случи и при резултат 1:1, за на крајот да биде нокаутирана во последниот напад при една контра на Атлетико која заврши со гол на Серлот.
– Одигравме извонреден натпревар од фудбалска и техничка гледна точка. После еден ваков пораз, преовладуваат две чудни чувства. Горд сум на својот тим, но разочаран сум од резултатот. Атлетико е многу искусен и добро изработен тим и ја искористи својата шанса за победа. На крајот, натпреварот е фрустрирачки за нас, и тоа во ситуација кога Педри одигра неверојатно. Ова е начинот на кој сакаме да играме фудбал, ќе се вратиме посилни по Божиќните празници кои следат.
– Ако се тргне резултатот настрана, овој натпревар беше фантастичен. Проблем е тоа што не постигнавме голови, но играта беше фантастична, мислам дека тоа го виде цел свет. Ова не беше како на натпреварите со Лас Палмас и Леганес. Направивме две грешки и тие ги искористија со голови. Мора да учиме од вакви болни порази и да играме поинтелигентно. За квалитетот на играта немам што да додадам, мислам дека сите го видовте тоа. Сепак, фудбалот е суров, победува тој кој дава повеќе голови. Наш најголем проблем е што загубивме десет бода на домашен терен и тоа не е нормално за Барселона. Тоа е она на кое мора да работиме, – изјави тренерот Ханси Флик.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)