Поврзете се со нас

Германија

Ханси Флик потврди дека една ѕвезда на Баерн сака да си оди од клубот

Објавено

на

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик призна дека еден од неговите фудбалери размислува за нов предизвик во својата кариера.

Станува збор за Тијаго Алкантара кој се поврзува со трансфер во редовите на Ливерпул вреден 32 милиони фунти.

Доколку се случи ваков трансфер, Јирген Клоп ќе добие фантастичен фудбалер по доста прифатлива сума на пари.

Дека има вистина во шпекулациите потврди и самиот Флик кој истакна дека Алкантара размислува за нов предизвик во својата кариера по освоените трофеи во Шпанија и Германија со Барселона односно Баерн Минхен.

– Секогаш имам надеж, всушност јас секогаш сум многу позитивен околу сите работи во и околу клубот.

– Исто така знам дека кога сте во одредени години и кога имате играно во Ла Лига с Барселона и во Бундеслигата со Баерн Минхен,  сакате да се пробате во друга голема лига. Тоа е нормално и човечки.

– Ќе го дадам максимумот за да се осигурам дека Тијаго ќе остане овде и се надевам ќе го убедам да остане. За тоа само времето ќе покаже, -изјави Флик.

Алкантара пристигна на „Алијанц Арена“ во 2013 година и од тогаш има освоено седум титули со Баерн МИнхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни