Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик полека решава една голема дилема: Тоа е најтешката одлука која морам да ја носам

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Војчех Шчесни трпеливо ја чекаше својата шанса и напорно тренираше со првиот тим на Барселона, а од стартот на годината одигра на пет од вкупно шест натпревари на кои стоеше на располагање.

Полскиот ветеран се чини дека полека ја добива битката со Ињаки Пења и се претвора во прв голман на Барселона, нешто што може да се заклучи и од денешната изјава на Ханси Флик.

Германскиот стручњак нагласи дека голманската позиција почнала да му носи најголеми главоболки, но во овој момент, негов избор е Шчесни да продолжи со континуитетот, порадишто ќе биде на голот и против Аталанта во Лигата на шампиони.

– Кога кажувам нешто добро за Шчесни, испаѓа дека откривам некои слабости на Ињаки. Нависитна нема такво нешто, но моја работа е да носам одлуки.

– Шчесни има големо искуство и во моментов го избирам него заедно со моите помошници. Одлуката за голманското место е најтешката која ја носам, но секоја одлука ја носам за доброто на тимот, така е и сега, – потенцира Ханси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни