Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик: Ова е навистина неверојатно, секој натпревар ни се случува истото (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта излезе со протестна нота против Ла Лига и обвини за скандал на натпреварот меѓу Хетафе и Барселона, јасно алудирајќи на недосудениот пенал врз Жил Кунде при резултат 1:1.

Францускиот бек беше „јавнат“ и соборен во шеснаесетникот на домашниот тим и очигледно главниот судија не го забележа овој момент, но нависитна нејасно е зошто не се вклучија луѓето од ВАР собата.

Овој превид го натера Лапорта да говори за судиска неправда на „Колисеум Алфонсо Перез“, а вечерва на страната на претседателот застана и Ханси Флик.

Иако Германецот најчесто се обидува да се оттргне од теми во кои се поврзани судиски одлуки, сега во најавата за мечот со Бенфика во Лигата на шампиони не пропушти да нагласи дека во последно време се навикнал да гледа ситуации во кои неговиот тим секогаш е оној што е оштетен.

– Навистина не знам што да кажам за пеналот врз Кунде…… Секој натпревар ни се случува истото и станува навистина неверојатно. Тоа беше чист пенал, не ви е потребен ниту ВАР за да го видите тоа, – порачува Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни