Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ханси Флик останал зачуден од сцената во соблекувалната по поразот од Борусија: Морав да ги потсетам на едно нешто

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона одигра далеку под своето ниво на „Сигнал Идуна парк“ и на стартот на вториот дел им отвори некои лоши спомени на своите навивачи, но среќна околност по примениот гол за 2:0 беше тоа што набрзо Борусија си постигна автогол.

Погодокот за 2:1 го донесе потребниот мир во најлошата ноќ за Барселона од стартот на 2025-та година, па иако севкупно каталонците се покажаа како подобар тим од Борусија, расипаниот впечаток на вториот натпревар се почувствувал и во соблекувалната.

Барселона до крајот на мечот прими и трет гол и загуби со 3:1 од германскиот тим, но со вкупни 5:3 се пласираше во полуфиналето во кое ќе чека ривал од пресметката меѓу Интер и Баерн Минхен.

– Секогаш е тешко да се игра на овој стадион и Борусија ни го загорче животот. Сепак, не треба да се заборави дека се играше и друг натпревар. Ние на домашен терен победивме 4:0, тука загубивме 3:1, но заслужено сме во полуфиналето. Ќе го анализираме овој пораз, но после толку акумулирани натпревари, нормално е да имаме и лош ден.

– Јас гледам на работите од позитивен аспект. Тимот долго не бил дел од полуфиналето, а ние успеавме во тоа. Ова е време за радост, а не за жалење. Кога влегов во соблекувалната немаше никаква еуфорија, па морав да ги потсетам играчите дека се пласиравме во полуфинале. Кога го кажав тоа, атмосферата малку се подобри, – откри Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни