Шпанија
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата

Ханси Флик се обидува да биде отворен и објективен кон сите играчи кои се дел од неговиот тим во Барселона, а тоа останува така и по првата титула која ја освои како предводник на каталонскиот гигант.
Во период кога сите се во голема еуфорија по огромната победа над Реал Мадрид во Суперкупот, медиумите пренесуваат дека не сите во тимот се задоволни од својот статус кај германскиот стручњак, а тука во преден план излегува Ансу Фати.
Шпанските медиуми веќе неколку дена пишуваат дека Барселона сака да му пронајде нов клуб на Фати и да го испрати на позајмица во овој јануарскиот преоден рок, интенции кои очигледно ги одобрил и Ханси Флик.
Тренерот на Барса не смета на Ансу кој одигра вкупно 188 минути од стартот на сезоната, но Германецот потенцира дека главен проблем за неиграњето во последно време е неговата физичка и кондициска подготовка.
– Јас сум искрен и отворен со сите и зборував со Ансу Фати. Тој сакаше да зборува со мене и одржавме состанок. Кога дојдов во прв момент во клубот, побарав да биде подготвен и да се однесува професионално. Барам многу од сите мои играчи, но откако се повреди, тој не е истиот. Не може да даде се од себе и мора да работи понапорно за да се врати во ритам. Очекуваме да го даде најдоброто на секој тренинг, тоа е она што ние го бараме од него како стручен штаб, – вели Флик.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија16 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони12 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)