Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик: Не бев бесен, му кажав само една работа на судијата за милиметарскиот офсајд на Левандовски

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона прва даде гол во Сан Себастијан и се чинеше дека поведе на дербито со Реал Сосиедад, па иако сите од првиот тим се израдуваа на погодокот на Левандовски, брзо мораа да се враќаат во став како натпреварот да е на почеток.

Квадра Фернандес доби сугестии од ВАР дека Левандовски бил во милиметарски офсајд поради горниот дел од стапалото, па иако полуавтоматскиот офсајд понуди слика за спорната ситуацијата, понудените докази и натаму оставаат простор за сомнежи.

Каталонските медиуми се убедени дека луѓето во ВАР подвлекле погрешна линија за ногата на стоперот на Сосиедад, а во тој поглед оди и размислувањето на германскиот стручњак.

– Не бев бесен како што мислите, бев само малку лут. Му порачав само една работа на судијата. Му нагласив дека донесоа погрешна одлука и дека тоа беше чист гол. Не стануваше збор за офсајд. Тој момент промени се, ако тој гол остаснеше на сила, натпреварот ќе одеше на наша страна.

– Како и да е, судиите не се виновни за нашиот пораз. Ние сме виновни, можевме да играме многу подобро. Бевме добри до моментот кога постигнавме гол, после тоа почнавме да се мачиме. Не бевме доволно свежи и силни и имавме доста лоши одлуки. Ова едноставно не беше наш ден, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни