Поврзете се со нас

Германија

Ханси Флик најави нов случај „Левандовски“: Секако дека е многу возможно такво сценарио

Објавено

на

blank

Тренерот на Баерн Минхен беше видно задоволен по вчерашната победа од 4:2 во дербито против Борусија Дортмунд, а пред самиот натпревар даде одговор на едно прашање кој изненади многумина.

Новинарите пред  средбата не пропуштија прилика да го запрашаат Флик дали Баерн Минхен е заинтересиран и дали би можел да го донесе Ерлинг Браут Халанд во своите редови.

На ова прашање, Флик даде неочекувано искрен одговор во кој посочи дека можно е да се случи Халанд да се пресели во Баерн Минхен и да ги следи чекорите на Роберт Левандовски кој дресот на Борусија Дортмунд го замени токму со тој на „баварците“.

– Секако дека е многу, многу возможно. Во животот ништо не може да биде отфрлено. Но, тоа е долг пат, играчот има долгорочен договор со Борусија Дортмунд и е опција за многу големи клубови, -изјави Ханси Флик за „Скај Германија“.

20 годишниот Халанд пред средбата со Баерн Минхен имаше скор од 27 голови во 27 натпревари за Борусија Дортмунд оваа сезона, а со двата погодоци против „баварците“ стигна до бројката 29 голови во актуелната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни