Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик најави дека ќе одмора играчи на утрешното дерби во Ла Лига

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона со луд пресврт против Бенфика ја продолжи својата позитивна низа на резултати во Лигата на шампионите, но каталонците немаат многу време за одмор и брзо се враќаат на обврските во Ла Лига.

За разлика од позитивните европски изданија, Барса во последно време е крајно неконстантна во Ла Лига и веќе посериозно заостанува на табелата, па иако тимот има императив да победува на секој нареден меч, Ханси Флик најави дека утре ќе направи ротации во тимот за дербито со Валенсија.

Иако „лилјаците“ се далеку од времето кога се бореа за највисок пласман, натпревар меѓу Барселона и Валенсија секогаш се означува како дерби, но Ханси Флик смета дека ова е вистинско време за да им даде одмор на дел од играчите кои редовно се во стартната постава.

– Подготвени сме за тоа што следи, ја анализиравме Валенсија и видовме дека се далеку постабилни во одбрана во последно време. Знаат на што играат со новиот тренер и очекувам тежок и возбудлив натпревар. Ќе треба да креираме што повеќе шанси и не очекувам да биде лесно.

– Не знам кој ќе брани на утрешниот меч, ќе мора да почекате до стартот на мечот. Не знам дали и Педри ќе биде во стартната постава утре. Тој игра извонредно, но мора да го чуваме. Може да направам низа примени во стартниот тим за утрешниот меч, ќе видите што сум подготвил непосредно пред натпреварот, – најави Германецот.

Дербито во Ла Лига се игра утревечер на „Монжуик“, со почеток во 21:00 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни