Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ханси Флик: Карлес беше важен фактор за нашиот успех, ќе играме за него!

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона стекна позитива на гостувањето во Лисабон и со мала предност го почнува утрешниот реванш против Бенфика во осминафиналето, натпревар на кој каталонците ќе имаат дополнителен мотив за игра после тоа што се случи изминатиов викенд.

Барса доби принуден одмор поради ненадејната смрт на клупскиот доктор Карлес Мињаро, а бидејќи немилиот настан ги погоди сите во првиот тим, Ханси Флик денеска сам се појави на пресот и не беше придружуван од ниту еден фудбалер.

– Ова не е лесна ситуација, но играчите добро се справуваат и покрај се. Вчера претседателот дојде во соблекувалната и зборуваше со играчите. Исто така и јас имав што да кажам, ова е голема загуба за сите нас.

– Карлес беше фантастична личност и извонреден доктор. Тој беше многу важен фактор за нашиот успех оваа сезона и неизмерно ќе ни недостасува.

– Животот носи и вакви тешки ситуации, сега ние сакаме да истрчаме на терен и да одиграме за него. Концентрирани сме само на нас, сакаме да победиме и мора да продолжиме напред. Победата ќе биде многу важна за нас, ќе биде убаво да му ја посветиме на нашиот доктор, – изјави Ханси Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни