Лига на шампиони
Ханси Флик ја отфрла фаворитската улога: Играме против еден од најдобрите тимови во ЛШ

Барселона имаше подолга пауза во Лигата на шампиони поради тоа што обезбеди директно учество во осминафиналето, а сега каталонскиот гигант како фаворит влегува во пресметката со Бенфика.
Осминафиналето донесе противник по мерка според голем дел од фановите на Барса, но Ханси Флик предупредува дека португалскиот великан не е воопшто лесен противник, за што доказ е и последниот натпревар од групната фаза.
Барселона со страшен пресврт успеа да извојува победа од 4:5 во најатрактивниот натпревар оваа сезона, па германскиот стручњак не сака да зборува за фаворитска улога против ривал кој редовно е дел од најелитното натпреварување.
– Ова се први 90 минути и треба да размислуваме на тоа дека има и реванш. Играме против еден од најдобрите тимови во Лигата на шампиони, сите видовме каков потенцијал имаат во нападот. Играат многу добар фудбал, со голема самодоверба и мора да бидеме на највисоко ниво.
– Тие имаат своја фудбалска идеја, а ние наша. Двата тима се водат по добри стратегии и ќе видиме што ќе се случи на теренот. Очекувам да бидеме подобро подготвени од последниот пат, очекувам да бидеме подобри, особено во првата фаза од мечот. За мене не постојат фаворити, го барам најдоброто од играчите на секој нареден меч. Наш следен ривал е Бенфика, а потоа ќе мислиме за натпреварот во домашното првенство, – изјави Флик пред вечерашната пресметка на „Луж“.
-
Англија19 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Светски првенства20 часа
Ова не се брани: Рис Џејмс со совршен слободен удар донесе водство за Англија (ВИДЕО)
-
Светски првенства19 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Репрезентација21 час
ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!
-
Репрезентација20 часа
Милевски: Велс е најсериозен противник откако сум јас селектор, мораме да бидеме…
-
Репрезентација24 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет9 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа