Шпанија
Ханси Флик ги награди играчите на Барселона по важната победа во Севилја

Барселона на најдобар можен начин ја затвори неделата во која убедливо ја декласираше Валенсија во Купот, бидјеќи вчеравечер доминантно славеше на уште едно тешко гостување во Шпанија.
Тимот од Каталонија имаше голем императив за победа во ситуација кога доби услуга од ремито на Реал и Атлетико, а убедливото издание против Севилја направи Барса да се приближи на само два бода од врвот.
Гостите славеа со убедливи 1:4 и успеаја да постигнат гол и со играч помалку на теренот, па поради добрата форма и максималното залагање во последно време, Ханси Флик реши да ги награди своите фудбалери со три слободни дена.
– Многу сум среќен зошто победивме, покажавме карактер и истрајност со 10 играчи на теренот. Тоа беше добар испит за нас, но и добра лекција. Патот до титулата е многу долг, но вакви фази ќе ни помогнат да веруваме во себе.
– Мора да продолжиме со овој менталитет, сега следат три слободни дена за играчите, а од четврток ќе почнеме да се подготвуваме за следниот меч. Тимот заслужи одмор после напорот кој го имаше, ќе го подготвуваме следниот меч против Рајо Валјекано од четврток, – изјави Германецот.
-
Балкан15 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Англија21 час
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Англија22 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Репрезентација16 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Италија17 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет17 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Балкан22 часа
Пикси: Невидена трагедија, ќе предложам да одиграме хуманитарен меч со Македонија!
-
Свет15 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……