Поврзете се со нас

Шпанија

Ханси Флик доби една добра и една лоша вест пред новиот предизвик во Ла Лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се врати на тренинзите и се подготвува за новиот предзивик кој следи во Ла Лига по репрезентативните обврски кои ги имаат голем број фудбалери, а добра вест за Ханси Флик е тоа што овојпат не беше нападнат од „ФИФА вирусот“.

Сите играчи на Барса се вратија здрави од репрезентативните задачи, но сепак проблеми не изостанаа пред клупската пауза, пред се поради повредите на Ламин Јамал и Левандовски.

Првиот воопшто не настапи на натперварот против Реал Сосиедад поради повреда на зглобот, додека Левандовски се повреди на теренот и затоа не беше селектиран од Полска.

Позитивна вест за Ханси Флик е тоа што напаѓачот е опоравен од ударот во грбот и ќе може да игра против Селта Виго оваа сабота, но истото не важи за Јамал.

Ситуацијата со Ламин е малку посложена, па поради побавната рехабилитација, крилото сигурно нема да патува за Галиција, а сега е неизвесен и за дуелот со Брест во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни