Светски првенства
Хансен зачуди со изјавата по одбраната на светскиот трон: Загубив пет килограми, не шутирав доволно…..

Од можен трагичар во четвртфиналето против Египет, Микел Хансен се претвори во МВП на турнирот во Каиро, откако по вчерашното финале, данскиот „бомбардер“ беше избран за најдобар играч на Светското првенство кое се одигра во Египет.
Хансен самиот призна дека имал многу среќа против Египет кога поради негова глупост и добиениот црвен картон домаќинот се избори за ново продолжение, но судбината посака да добие две нови шанси за докажување, а ѕвездата на ПСЖ на фантастичен начин одговори во полуфиналето и финалето.
По 10-те гола против Египет, Хансен постигна 12 против Шпанија во фантастичното полуфинале и уште 7 против Шведска во големото финале кое вчера го добија Данците со 26:24. Поради овие бројки, Хансен беше избран за најдобар играч на турнирот, па токму поради тоа чуди неговата изјава со која вели дека на последните три меча не шутирал доволно поради проблемите кои ги имаше.
Хансен имаше тежок стомачен вирус пред четвртфиналето и не го играше последниот меч од главата фаза против Хрватска, период во кој загубил цели пет килограми.
– Ќе бидам искрен и ќе кажам дека ми беше тешко, не можев многу да шутирам. Во последните три меча, не шутирав онолку колку што сакам. Загубив пет килограми поради проблемите со стомакот, тоа беше вистинска борба, – изјави Хансен, а ракометната јавност се прашува колку шутеви ќе преземеше и колку голови ќе дадеше доколку самодовербата била на повиско ниво.

- Формула 1пред 23 часа
Пресврт од „кец во два“: Американскиот Ф1 тим Хаас ќе настапува со дизајн во боите на Русија, еве зошто!
- Италијапред 24 часа
Неверојатна ноќ за Златан: Ибра со авто-стоп стигна на Санремо и го одработи дуетот со Михајловиќ (Видео)
- Англијапред 23 часа
Карагер со остар коментар за фудбалерите на Ливерпул, а од критики не го поштеди ниту Клоп
- Светпред 22 часа
Хабиб откри дека бил близок со Кристијано Роналдо: Неговиот најголем страв е поврзан околу синот
- Англијапред 24 часа
Клоп постави анти-рекорд на „Енфилд Роуд“, па ја објасни замената на нервозниот Салах
- Англијапред 22 часа
Чудна одлука на Солскјер, познато зошто Де Хеа ќе ги пропушти натпреварите во месец март
- Англијапред 21 час
Кол импресиониран од тоа што го видел од Челси, посочи во што лежи тајната за рапидниот успех
- Англијапред 18 часа
Грилиш со интересен одговор зошто не го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед: Немаше потреба, го имате..