Лига на шампиони
Хансен за „Дерби“: Вардар има се што е потребно за да ја освои титулата
За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски
Вардар ја има Барселона за противник во полуфиналето на ракометната Лига на шампиони, односно фајнл-фор турнирот во Келн, но на вториот натпревар потенцијален противник е ПСЖ. Францускиот првак доаѓа со силен состав и големи амбиции, а во Келн имавме можност накусо да поразговараме со нивната голема ѕвезда, Микел Хансен.
Данецот откри дека ги следел натпреварите на македонскиот шампион и добро ја познава неговата екипа.
– Мислам дека Вардар игра одличен ракомет, офанзивно, но и дефанзивно. Гледав неколку нивни натпревар, како на пример дуелите со Флензбург и финалето на СЕХА лигата, играат многу интелигентно, на моменти и агресивно. Сите учесници имаат шанси да го освојат трофејот, секоја екипа е квалитетна, па ќе одлучи тоа кој ќе има свој ден, – истакнува данскиот ракометар.
Како ги споредувате „младиот“ Вардар и поискусната Барселона.
– Не би рекол дека Вардар има толку млада екипа, повеќе дека има добра комбинација на млади, но и искусни ракометари, микс кој може да донесе успех. Кога ќе дојдете до полуфиналето, се може да се случи, па и Вардар има подеднакви шанси да стигне до титулата. Ракометот е специфична игра, само да потсетам дека во ланското финале тимот кој победи имаше негатива од 9 гола на 15 минути до крајот. Тоа е само уште еден показател дека мора да бидеме фокусирани 60 минути, во спротивно работите ќе отидат во погрешен правец, – потенцираше Хансен за „Дерби“.
-
Италијапред 19 часа
Вучиниќ го „закачи“ Алегри: Кога си во Јувентус…
-
Италијапред 24 часа
Касано го нападна Леао и го спореди со пропадната ѕвезда на Јунајтед: Нзола постигна повеќе голови од него
-
Англијапред 6 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 6 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 19 часа
Покетино: Ова ни е единствената шанса за трофеј во оваа сезона
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти за стратегот кој се најавува како негов наследник во Реал: Му посакувам…
-
Светпред 16 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 6 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка