Поврзете се со нас

Светски првенства

Хансен саркастичен пред битката со Египет: Нема да бидам изненаден ако има 5000 навивачи на трибините

Објавено

на

Првото четвртфинале на Светското првенство е меѓу Данска и домаќинот Египет, средба пред која во центарот на вниманието се најде најдобриот играч на скандинавците, Микел Хансен.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен едноставно не може да сфати како ИХФ му прогледува низ прсти на организаторот кога се во прашање гледачите со оглед на тоа што е очигледно е дека има одреден број на навививачи на трибините и покрај тоа што има забрана за присуство на истите во арените.

Поради тоа Хансен беше саркастичен и истакна дека нема да биде изненаден ако вечерва на нивниот меч има дури 5000 гледачи.

-Не можеме да кажеме ништо позитивно во поглед на ситуацијата со гледачите. Можеби некого ќе изненади, ама што се однесува до мене не сум изненаден. Не се надевав дека ќе видам луѓе, ама не сум шокиран ако одеднаш некаде има 1000 луѓе. Ќе кажам дека веројатно нема да бидам изненаден ако одеднаш има 5.000 во салата на мечот против Египет.

-Мислам дека сите сме разочарани од тоа, ама не можеме ништо да направиме. Луѓето мора да реагираат по она што се случи во последната рунда, мора да има последици бидејќи на сите им е ветена завршна рунда без гледачи од здравствени причини.

-Кога тоа не се случува обично има казна. Смешно е затоа што можеме да бидете санкционирни поради различни чорапи, а дозволување на луѓе во салата за време на пандемија е во ред, -рече Микел кој треба да биде подготвен откако минатите денови се мачеше со стомачен вирус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни