Поврзете се со нас

Светски првенства

Хансен: Не можам тоа да го опишам, Египет беше кошмар!

Објавено

на

Репрезентацијата на Данска успеа да ја совлада Шпанија и да обезбеди билет за финалето на 27. Светско ракометно првенство.

Вистински херој беше Микел Хансен кој беше нерешлива енигма за Шпанците, даде 12 голови и со тоа на најдобар можен начин ја избриша четвртфиналаната епизода против Египет кога доби црвен картон поради глупост и ја остава својата селекција на цедило во најважните моменти.

-Меќот против Египет не може да се опише. За мене беше кошмар. На крајот среќата не посака. Беше задоволство да се игра против Шпанија за различа од четвртфиналето против Египет. Младите играчи веруваат во своите способности и навистина морам да ги пофалам што ги слушаат постарите и учат, а во исто време тие успеваат да преземат одговорност

-Мораме да преспиеме и потоа да се подготвиме за Шведска. Го погледнав првото полувреме против Франција и некои други нивни средби на мундијалот. Играат одбрана 6-0, имаат брзи контри и дисциплинирани се во нападот. Морам да признаам дека добро им оди, -изјави Хансен.

Финалето Данска-Шведска се игра утре од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни