Поврзете се со нас

Свет

Хановер не успеа да ја прекине црната серија и против Фуксе Берлин

Објавено

на

Хановер во чии редови настапува нашиот репрезентативец Филип Кузмановски, забележа уште еден пораз (22:25) и ја продолжи негативната серија во ракометната Бундеслига.

Нашиот репрезентативец немаше ефект на оваа средба, а составот од германската престолнина беше преголем залак за Хановер кој е веќе на дното на табелата.

Фуксе на полувреме водел минимално со 12:13, Хановер во вториот дел имаше плус три во неколку наврати во вториот дел, но не успеа да му ги расипе сметките на тимот, кој барем моментално го презема првото место на табелата од Магдебург.

Хановер нанижа четири порази по ред и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Маверс со 4 голови бил најефикасен кај домаќините, додека Линдберг реализирал 6 пати во победничкиот тим, во кој Милосављев собрал 10 одбрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни