Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хандановиќ за најголемата опасност: Ги гледав сите мечеви на Реал…

Објавено

на

Интер против Реал Мадрид е една од поинтересните пресметки од утрешната програма во Лигата на шампионите.

Овие екипи и во минатата сезона се сретнаа во оваа фаза и двапати поуспешни беа „кралевите“ кои славеа со 3-2 и 2-0. Токму ова искуство може да му помогне на италијанскиот шампион или така барем се надева искусниот голман Самир Хандановиќ кој е свесен за квалитетот на противникот, но во исто време верува дека можат да дојдат до позитивен резултат.

-Ги гледав скоро сите натпревари на Реал Мадрид оваа година и тие се во одлична форма. Штом ја допрат топката, можат да постигнат гол. Нивната напаѓачка тројка е во добра форма и наше е да ги спречиме. Се соочивме со овие играчи минатата година и знаеме како да играме.

-Оваа година Интер има повеќе искуство и ние сме порешителни. Нашата цел е да минеме во следната фаза. За жал во последните неколку години не бевме на посакуваното ниво или нашите противници беа подобри од нас. Но, тоа е минато, мора да размислиме за утрешниот натпревар, -порача капитенот на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни