Италија
Хандановиќ правеше чуда на голот, Данило го упропасти сензационалното додавање на Барела (Видео)

Аталанта и Интер одиграа дерби без голови во Бергамо, но најнепопуларниот резултат 0:0 не е реална слика за она што го видовме на теренот, бидејќи и двата тима можеа да постигнат најмалку по два погодоци.
Домашниот тим имаше подобро отворање на второто полувреме и не искористи стопроцентна шанса преку Песина, а главен виновник за тоа беше Самир Хандановиќ кој имаше брилијантна интервенција.
Капитенот не дозволи да се менува резултатот и тоа беше повод за будење на Интер, но Един Џеко во два наврати реагираше доста лошо и не искористи големи шанси за гол.
После ова, најголемата шанса за менување на резултатот ја имаше Муриел кој го искористи невниманието на Бастони за да се најде во стопроцентна шанса, но одново на висина на задачата беше Хандановиќ кој вечерва правеше чуда на голот во Бергамо.
Со втората клучна одбрана, голманот му дозволи на Интер да тргне по завршен налет за победа, а иако гостите беа блиску до тоа, Данило Д’Амброзио режираше големо разочарување во 89-та минута и го упропасти сензационалното додавање од Барела кој генијално го проигра со пета.
Бидејќи резултатот не се менуваше, двата тима освоија по еден бод, па Интер има два бода повеќе од Милан со ист број на одиграни натпревари, додека Аталанта е четврта со осум помалку од лидерот.
-
Шпанијапред 16 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 15 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 16 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 13 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 5 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 12 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!