Хамшик се огласи за можното заминување од Наполи

hamsik

Словачкиот репрезентативец, Марек Хамшик по 11 години може да го напушти калчолигашот Наполи, клуб на кој му даде многу низ сите овие години, клуб во кој со своите настапи се наметна како лидер и сосема заслуежено ја доби и капитенската лента.

Сериозен интерес за него има од далечниот Исток поточно од Кина и тоа го потврди и првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, но според Хамшик се уште сите опции се отворено и не ја исклучува можноста и да продолжи на „Сан Паоло“ под водство на Карло Анчелоти.

-Се уште сум играч на Наполи, ништо се нема променето. Вистина е дека му кажав на претседателот дека има можност, ама во моментов нема ништо ново, -порача Марек од својата татковина.

Facebook Коментари