Поврзете се со нас

Свет

Хамшик постигна спектакуларен гол по пауза од две години, соиграчите се фаќаа за глава (Видео)

Објавено

на

Марек Хамшик на почетокот на оваа година стави крај на својата двегодишна етапа во кинескиот фудбал, а сега го постигна првиот гол во шведската фудбалска лига по враќањето на стариот континент.

Искусниот Словак се мачеше да ја пронајде најдобрата форма на првите пет меча како член на Гетеборг, но сега им покажа на своите нови соиграчи што знае, а дел од нив се фаќаа и за глава откако постигна фантастичен премиерен гол за новиот клуб.

Гетеборг одигра 2:2 во мечот против Сириус, а својот шести натпревар во Шведска, поранешниот капитен на Наполи го зачини со спектакуларен полу-волеј, и тоа со послабата лева нога.

Хамшик испрати неодбранлив удар под гредата на противничкиот голман, атракција која направи да стана крајно популарен и на Твитер заедницата со оглед на ова што е негов прв гол во Европа по пауза од две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни