Хамшик го надмина Марадона и донесе победа на Наполи, Интер во резултатска криза (Видео)

hamsik

Од денеска Марек Хамшик е прв стрелец во историјата на Наполи, а што е уште поважно со неговиот погодок клубот славеше над Сампдорија со 3-2 и ја задржа првата позиција на табелата во Серија А.

Словакот беше изедначен на вечната листа со Диего Армандо Марадона (115), но во 39 минута тој ја погоди мрежата на Вивиано што значеше нов рекорд и водство на својата екипа од 3-2, резултат кој се покажа како конечен на средбата на „Сан Паоло“.

Инаку Сампдорија два пати водеше преку Рамирез и Квалјареала, два пати за домаќините стрелаа Алан и Инсиње пред Марек да го компетира пресвртот.

Сега наполитанците имаат 45 поени и можат мирно да го проследат вечерашното дерби меѓу Јувентус и Рома во Торино.

Интер пак дефинитивно е во резултаска криза, доказ за тоа е вториот пораз во низа и тоа на гостувањето кај Сасуоло од 1-0. Фалчинели во 34 минута беше стрелец на победничкиот гол со тоа што Икарди во 49 минута не реализираше удар од 11 метри.

Џенова на Горан Пандев славеше со 1-0 на аутсајдерот Беневенто, во средба во која нашиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути. Клучниот момент се случи во судиското продолжение, Лападула го реализираше пеналот за големо славје.

Останати денешни резултати: Лацио-Кротоне 4-0, Спал-Торино 2-2, Удинезе-Верона 4-0

 

 

 

Facebook Коментари