Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон за неверојатната одбрана на ветеранот: Вистински кошмар (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон направи голем пресврт на трката за Големата награда на Унгарија, но на крајот не победи поради фактот што загуби многу време во дуелот со поранешниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо.

Шпанскиот ветеран покажа неверојатни квалитети во одбрана и во неколку наврати го фрустрираше Британецот кој се жалеше за маневрите на Алонсо преку радиото, а фактот што го попречуваше да го мине неколку круга, на крајот му донесе огромна победа на тимскиот колега на противникот.

Фернандо одигра круцијална улога во триумфот на Алпин тимот на Хунгароринг, или поточно во првата Ф1 победа која ја оствари Естебан Окон.

– Фернандо беше вистински кошмар, беше спектакл да се биде дел од тој натпревар. На моменти беше на границите со своите потези, но тој е голем натпреварувач. Беше неверојатно чувството, навистина фантастично. Се надевам дека болидите ќе бидат уште поизрамнети наредната сезона, ќе биде вистинско уживање за фановите. Ќе има големи битки тркало до тркало, иако овојпат со Алонсо имаше и дуел тркало во тркало, барем еднаш.

– Така е кога се натпреварувате против светски шампион, тој е еден од најцврстите пилоти во историјата, но истовремено и доста чист. Овојпат возеше на граница, но јас би го направил исто за својот тим. На крајот со својот настап, направи Алпин да победи, – изјави Хамилтон кој заврши трет, но поради дисквалификацијата на Фетел, на крајот го освои второто место во Унгарија, додека Алонсо напредуваше на четвртото место.

Видеото од извонредната одбрана на Алонсо е на овој ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни