Хамилтон станал веган: Тоа што го прави месната индустрија е тотално лудило

hamilton

Луис Хамилтон денеска ќе настапи на трката за ГН на Сингапур, но во меѓувреме преку интервјуто за „Би-Би-Си“ откри дека станал веган и одамна се придржува до овој специфичен режим на исхрана.

Возачот на Мерцедес вели дека тоа го направил за да има поздрав живот, но и да ја заштити животната средина, а сериозен повод бил еден документарен филм за месната индустрија.

– Се започна пред две години кога престанав да јадам црвено месо, а во меѓувреме се откажав и од пилешко и риба. Велат дека месната индустрија ја загадува животната средина повеќе од сите авиони и автомобили заедно, тоа е тотално лудило, не сакам истото да го поддржувам или да бидам дел од него, – вели Хамилтон.

Британецот открива и како се грижи за исхраната за време на викендите во кои има трка.

– Кога сум на натпревар, имам личен кувар кој готви според моите желби. Сепак, поголем е предизвикот кога сум слободен и кога треба да одолеам на сета храна со животинско потекло. Разговарав со многу пријатели кои решиле да станат вегани и сите велат дека тоа им е најдобра одлука која ја донеле во животот, – посочува Ф1 ѕвездата.

Facebook Коментари