Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон со три тркала достигна неверојатна брзина на Силверстоун

Објавено

на

Од таборот на Мерцедес открија дека Луис Хамилтон постигнал неверојатна брзина додека бил со едно пукнато тркало во драматичниот последен круг од трката за Големата награда на Велика Британија.

Луис Хамилтон стигна прв до целта, а додека му беше пукнато тркалото достигнал неверојатна брзина од 230 км/ч на најдолгата делница на патеката.

Со сите четири гуми болидите достигнуваат најголема брзина до 300 км/ч, па затоа ваквото остварување на Хамилтон со една целосно оштетена гума е за поздрав.

Од друга страна пак произведувачот на гуми за Формула 1, компанијата „Пирели“ најави детална истрага за тоа што се случуваше со гумитена трката на Силверстоун.

Освен Хамилтон без еден пневматик останаа и неговиот тимски колега Валтери Ботас, како и пилотот на Мекларен, Карлос Сајнц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни