Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон со прв коментар за инцидентот со Ферстапен: Не дозволив ништо да ми застане на патот (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон по осми пат во кариерата победи на домашното гран-при во Формула 1, откако денеска ја преживеа стартната драма на Силверстоун и на крајот славеше пред домашната публика која беше навистина еуфорична.

Актуелниот светски првак беше казнет со десет секунди поради инцидентот кој го предизвика со Макс Ферстапен уште во првиот круг, сценарио кое на крајот беше одлучувачко за конечниот исход на трката.

Макс Ферстапен излета од патеката во ситуација кога доби допир во задното тркало, додека Хамилтон остана на патеката и на крајот стигна до победата и покрај казната од 10 секунди која мораше да ја одработи во боксот.

Британецот доби многу критики за валканото возење на домашната трка, но тој по победата истакна дека Ферстапен не му оставил доволно простор на свиокот на кој настана инцидентот.

– Секогаш се обидувам да бидам умерен во секој напад кој го имам на патеката, особено кога станува збор за Макс кој е многу агресивен возач. Денеска бев крај него и тој не ми остави доволно простор на патеката и затоа дојде до судир.

– Нема да кажам дали се согласувам со казната која ја добив или не, но тоа беше дополнителен мотив да продолжам да работам денеска. Не дозволив ништо да ми застане на патот и затоа победивме. Навистина сум пресреќен, ова беше физички тешка трка. Посебно сум горд што победив дома, ова е најдобрата публика во Формула 1, никаде нема ваква толпа навивачи, – изјави Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни