Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон се пофали со новиот тркачки аутфит и издоминира на Инстаграм: Првпат во црвено (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Луис Хамилтон почна да се подготвува за првата Формула 1 сезона во која ќе настапува за Скудерија Ферари, а со своите први изјави и објави на социјалните мрежи, само потврди колку е возбуден од новиот предизвик.

Британецот и досега не криеше дека си ја остварува големата желба да настапува за „црвените“ од Маранело, а по првите работни денови во Италија, објави и фотографија во новиот комбинизон.

– Првпат во црвено, – напиша Луис Хамилтон покрај фотографијата која ја објави на „Инстаграм“ и со која веднаш го привлече вниманието на Ф1 фановите, собирајќи неколку милиони лајкови за само неколку часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни