Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон повторно издоминира во Шпанија, Ферстапен ги раздели болидите на Мерцедес

Објавено

на

Луис Хамилтон ја продолжи својата успешна серија на патеката Каталуња и стигна до четврта победа по ред на ГН на Шпанија во Формула 1 шампионатот.

Возачот на Мерцедес стартуваше од пол-позицијата и во ниту еден момент неговата прва позиција не беше доведена во прашање, со што стигна и до четвртата победа оваа сезона.

Макс Ферстапен викендов мора да се задоволи со втората позиција, која ја освои пред Валтери Ботас, со кого се комплетираше победничкиот пиедестал.

Себастијан Фетел направи каков таков исчекор, откако со еден питстоп помалку го освои седмото место, па колку толку го спаси образот на Ферари по проблемите кои ги имаше Шарл Леклер кој не ја заврши трката.

Зад водечката тројка се пласираа, Строл, Перез, Саинц, Фетел, Албон, Гасли и Норис.

Во генералниот пласман, Хамилтон води со 132 поени, Ферстапен е втор со 95, додека Ботас е на третата позиција со 89 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни