Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон победи по 944 дена и испиша историја во Ф1 шампионатот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/LewisHamilton

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на 12. трка во овогодинешниот Ф1 шампионат, трката за Големата награда на Велика Британија.

Хамилтон најдобро се снајде на петеката Силверстоун каде повеќе возачи имаа можност да бидат на првата позиција, но искусниот британски ас успеа да извлече максумум на тешките, променливите услови, дожд и сонце.

Ова за Луис е прво славје (вкупно 104 во кариерата) по пауза од 944 дена, односно од Саудиска Арабија во 2021 година. Со триумфот Британецот испиша историја, постави нов рекорд затоа што стана прв возач кој успеал деветпати да триумфира на иста стаза.

Зад него остана актуелниот лидер и шампион Ферстапен, а место на подиумот имаше и за Норис.

Бодови уште освоија Пјастри, Сајнц, Хулкеберг, Строл, Алонсо, Албон и Цунода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни