Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон по третото место во Абу Даби: Најважно е што сум жив

Објавено

на

Луис Хамилтон ја заврши Формула 1 сезоната со трето место на трката во Абу Даби, а успеа да се врати за „финалето“ и покрај паузата поради коронавирусот.

Британецот уште вчера призна дека се уште не се чувствува најдобро како последица од вирусот, а денеска потврди дека е задоволен со место на подиумот, кога веќе претходно ја обезбеди титулата.

– Уништен сум, не се чувствувам добро.

– Сепак, благодарен сум што сум жив, а на крајот обезбедив и место на пиедесталот.

– Ковид не е шега, знаев дека во еден момент ќе ми биде тешко, бидејќи луѓе умираат од вирусот. Ми беше чудно кога некои државници се потсмеваа со вирусот, – изјавил денеска Британецот.

Победа на Ферстапен во Абу Даби за затворање на Формула 1 сезоната

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни