Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон по драмата на „Силверстоун“: За малку ќе ми застанеше срцето…

Објавено

на

Луис Хамилтон победи на драматичен начин на трката на патеката Силверстоун, а фактот што мораше да помине на целта со еден пневматик помалку на болидот, доволно објаснува и колку лесно можеше да остане не само без триумфот, туку и без поени.

Откако возачот на Мерцедес и актуелен Ф1 шампион сепак ја зголеми предноста во генералниот пласман, пред медиумите искрено истакна дека на крајот и нему му останало само да се моли за да стигне до целта.

– Се до последниот круг трката течеше добро, иако Ботас постојано притискаше, а јас се обидував да ги штедам пневматиците.

– Кога слушнав дека тој има проблеми, ги погледнав моите и ми изгледаа добро. Потоа во последниот круг целосно се издиша еден од пневматиците, можев да гледам како отпаѓа од тркалото. Од тој момент калкулирав со времето и се молев да не застанам и да издржам за последните свијоци.

– Ферстапен ја намалуваше разликата, добивав постојано информации, на крајот морав и да ризикувам и малку да забрзам. Никогаш не сум доживеал вакво нешто и може да кажам дека дефинитивно за малку ќе ми застанеше срцето, – изјавил Хамилтон.

По овој триумф тој има 88 поени, 30 повеќе од Ботас, додека Ферстапен е трет со 52 бодови.

Трета победа во низа: Хамилтон со три гуми го покори „Силверстоун“ (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни