Хамилтон откри кои се двете големи ѕвезди во индивидуалниот спорт кои се негова најголема инспирација

hamilton-slavi

Луис Хамилтон изминатиот викенд стигна до својата четрврта шампионска титула во Формула 1, успех со кој успеа да влезе во избрано друштво и воедно да се изедначи по бројот на титули со најголемиот ривал Себастијан Фетел.

Возачот на Мерцедес го издржа почетниот притисок и брзо фати приклучок, но по средината на сезоната ги покажа своите најдобри перформанси и на две трки пред крајот успеа да ја поврати титулата во свои раце откако минатата сезона излезе како губитник во дуелот со тимскиот колега Нико Розберг.

Хамилтон во своето последно обраќање одлучи да им даде посебен акцент на ѕвездите кои се занимаваат со индивидуалниот спорт кој бара максимална концентрација и посветеност, а како свои примери на кои се угледува одлучи да ги посочи двете големи тениски ѕвезди, Рожер Федерер и Рафаел Надал.

– Кога ги гледате големите ѕвезди во тенисот и голфот, ви станува јасно дека психичката подготвеност е најважна. Психата е таа која ги контролира емоциите и која доаѓа до израз кај најголемите спортисти. Ѕвезди како Федерер и Надал се пример за сите останати и јас се обидувам да се инспирирам од тоа што го прават они двајца, – вели Хамилтон.

Facebook Коментари