Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон откри детали за последиците од коронавирусот пред последната трка во Формула 1 сезоната

Објавено

на

Луис Хамилтон успеа навреме да обезбеди негативни тестови на коронавирусот за да се врати на последната трка од сезоната во Формула 1, но по денешните квалификации призна дека се уште не се чувствува најдобро.

Откако си ја обезбеди новата титула на убедлив начин, возачот на Мерцедес мораше да ја пропушти втората трка во Бахреин поради позитивен тест на КОВИД-19, а денеска го освои третото место во квалификациите во Абу Даби.

Не само што утре ќе има потешка задача бидејќи пред себе ќе ги има Ботас и Ферстапен, туку Хамилтон признава дека вирусот оставил трага на неговата актуелна ситуација.

– Не сум 100 проценти подготвен, се уште чувствувам нешто во белите дробови, но ќе возев макар и со една рака. Нема да биде лесна трка, но ќе се обидам да извозам најдобро што можам.

– Еден од главните симптоми е што вирусот ве цеди, се обидов да спијам колку што можам повеќе, но „полнењето на батериите“ не оди лесно како вообичаено. Исто така загубив и многу килограми таа недела, па дефинитивно не сум во иста состојба како кога се натпреварував последен пат, – изјавил Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни