Формула 1
Хамилтон откако ја доби првата битка со Ферстапен: Го прифаќам овој предизвик

Луис Хамилтон на драматичен начин стигна до првата победа во новата сезона во Формула 1, откако во самата завршница со доста среќа го доби дуелот со главниот предизвикувач Макс Ферстапен.
Возачот на Ред Бул успеа да го мине Хамилтон на три круга пред крајот и беше значително побрз, но сепак мораше да го пропушти ривалот поради фактот што патеката ја напуштил со сите четири тркала при маневарот со кој го претекна актуелниот светски шампион.
Ферстапен очекувано беше крајно разочаран по крајот на трката за Големата награда на Бахреин, а Хамилтон како голем добитник од првиот викенд е свесен дека Макс ќе биде поголем ривал за титулата од било кога досега.
– Последните кругови беа застрашувачки за мене, не беа добри. Навистина страдав со болидот и со задните гуми, знаев дека ќе ме стигне и дека ќе изврши притисок во последните 10 круга. Мислев дека ќе биде невозможно да го задржам, всушност така и беше, но тоа се промени со инцидентот при престигнувањето, – изјави Хамилтон.
– Макс вози многу добро, но истото важи и за мене. Знам дека ќе се доведеме и предизвикаме до самиот лимит. Навистина ми се допаѓа овој предизвик кој ќе го имам оваа сезона, – додаде Британецот.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 22 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 18 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо