Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон обезбеди пол-позиција во Имола

Објавено

на

Актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на Големата награда на Емилија-Ромања во Италија.

Британецот беше најбрз на денешните квалифиакции во Имола и тоа пред двоецот на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен. Ова за Хамилтон е 99 пол позиција во кариерата, но дефинитивно ќе биде предизвик за него да го задржи ова место на утрешната трка.

-Mи се допаѓа, го сакам предизвикот! Ги имаме двате возила на Ред Бул,, мислам дека тоа дефинитивно ќе ја отежне нашата стратегијата, тие имаат одлично темпо на трка, -истакна Луис.

Од четвртото до десетто место се Леклер, Гасли, Рикардо, Норис, Ботас, Окон и Строл. Најголемо разочарување беше Карлос Саинц кој ќе тргне дури од 11 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни