Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон мирно му одговори на Ферстапен: Денеска се потсетивме колку е опасен овој спорт (Фото)

Објавено

на

Макс Ферстапен испрати порака од болница и нагласи дека е разочаран од однесувањето и прославата на Луис Хамилтон, став со кој лидерот во генералниот пласман јасно стави до знаење дека нема лесно да го заборави инцидентот кој се случи во првиот круг на Силверстоун.

Одговорните луѓе крај патеката проценија дека Хамилтон е главен причинител за излетувањето на Ферстапен, но казната од 10 секунди се покажа како минорна за светскиот првак кој стигна до нова победа на домашната трка.

Ферстапен разочаран од Хамилтон: Ја славеше победата додека јас бев во болница

Ферстапен не го криеше бесот и го потенцираше опасниот потег на неговиот директен ривал за титулата, кој пак вечерва одговори доста поблаго преку социјалните мрежи, обидувајќи се да долови дека вакви ситуации се очекувани во ризичен спорт како Формула 1.

– Денеска добивме потсетник колку е опасен овој спорт. Му испраќам најубави желби на Макс кој е неверојатен борец. Мило ми е што слушнав дека е добро.

– Јас секогаш ќе се тркам силно, но секогаш фер. Мојот тим покажа храброст и истрајност. Сон е да се победи пред мојата публика, – порача Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни