Хамилтон со магичен круг го потисна двоецот на Ферари и се избори за шеста пол-позиција на Силверстоун

hamilton-silverstoun

Луис Хамилтон секоја година влегува како голем фаворит на Силверстоун патеката во Велика Британија која е негова домашна, а иако денеска беше соочен со сериозен притисок од двоецот на Ферари, актуелниот светски шампион успеа да пронајде сили за магичен круг кој му ја донесе шестата пол-позиција во кариерата на оваа патека, или четврта во низа.

Хамилтон покажа дека знае да извлече нешто плус од својот Мерцедес на омилената патека и ги израдува домашните навивачи во пресрет на утрешната трка, која реално треба да биде крајно возбудлива бидејќи возачите на Ферари беа и тоа како блиску до Британецот. Себастијан Фетел кој ќе стартува втор задоцни само четири десетинки, додека Кими Раиконене осум десетинки зад Хамилтон. Четврт утре на стартот ќе го видиме вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас, додека третиот ред е резервиран за Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо од Ред Бул.

За место меѓу првите 10 уште се изборија Магнусен, Грожан, Леклерк и Окон.

Facebook Коментари