Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон лут на одговорните во Ф1: Фановите беа ограбени

Објавено

на

Формула 1 трката во Белгија беше прекината по неколку часа чекање да се подобрат условите на патеката Спа и по само два извозени круга, кои им овозможија на организаторите да прогласат победник со половина од поените кои вообичаено се доделуваат.

Сите возачите не го криеја разочарувањето што не можеа да се натпреваруваат, а посебно жесток во својата изјава беше актуелниот шампион Луис Хамилтон.

– Разочаран сум за фановите. Јасно е дека не можеме да го контролираме времето, но ова беше нешто друго.

– Фановите останаа покрај патеката, се уште имаа енергија, но беа ограбени за трка и треба да им бидат вратени парите. Двата круга беа сценарио за пари, сите ќе си ги добијат парите, па треба и фановите. Штета што не можевме да возиме утре.

– Парите повторно зборуваа! Мислам дека денешната одлука беше лоша за спортот. Потребата од два извозени круга беше единствената причина што ни дозволија да излеземе на патеката, – изјавил Хамилтон.

Актуелниот шампион го освои третото место, обезбедено уште во квалификациите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни